ПСЖ ова лето може да остане без ѕвезденото трио во нападот, Лео Меси си замина, има многу прашалници за иднината на Килијан Мбапе, а на излезна врата е и Нејмар.
Медиумите од Франција пишуваат дека тренерот Луис Енрике во консултации со спортскиот директор Луис Кампос прешкртале пет фудбалери и ги известиле дека треба да си бараат нов клуб.
На овој список се нашле Нејмар, Марко Верати, Уго Екитике, Хуан Бернат и Ренато Санчез.