сабота, 19 октомври 2024

Енергетските проекти во Македонија тема на разговорите на министерката Божиновска со амбасадата на САД

Зајакнување и проширување на постојната гасоводна инфраструктура, подготовките околу претстојните енергетски проекти и состојбата во акционерските друштва во државна сопственост АД ЕСМ и АД МЕПСО, беа во фокусот на разговорите меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини  Сања Божиновска и претставници на амбасадата на САД во Скопје. На средбата на која учествуваа шефот на економскиот сектор  Рајан Милер и Јордан Дамчевски, виш економист во амбасадата, беа разгледани и можностите за искористување на енергетските потенцијали на Македонија со акцент на обновливите извори на енергија.

 

Објавено на

часот

Сподели

„Нови проекти и целосна диверзификација на портфолиото на нашите енергетски компании,  консолидација  и зајакнување на нивните перформанси се клучни цели кон кои решително тргнуваме во реализација. Целиме кон зајакнат, модерен и доверлив електроенергетски сектор, подготвен за претстојните предизвици кои доаѓаат со зелената транзиција“, рече Божиновска.

На крај се разговараше околу посетата на министерката Божиновска на почеток на септември во САД, на која што работна посета ќе оствари средби на високо ниво.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ