Најдобриот начин да се постигне оваа цел е преку искористување на огромниот потенцијал што го поседува земјата за развој на обновливи извори на енергија (ОИЕ), што ќе биде во согласност и со глобалните предизвици за одржливост и борба со климатските промени.
Македонија веќе ја почна зелената транзиција и трансформацијата на својот енергетски сектор, со забележителна експанзија на изградба на обновливи извори на енергија. До крајот на 2024 година во земјата се издадени одобренија за вакви проекти од речиси 1.000 мегавати. Сепак, експанзијата на ОИЕ, иако позитивна, претставува значителен предизвик за електроенергетскиот систем бидејќи мрежната инфраструктура во земјата, во нејзината сегашна форма, е ограничена во способноста да го апсорбира овој огромен потенцијал.
Ова создава потреба не само од модернизација на мрежата, туку и од воведување на технологии за складирање енергија кои ќе претставуваат пресвртна точка во трансформацијата на енергетскиот сектор и ќе придонесат за нејзината енергетска безбедност. Ваквите технологии се особено важни бидејќи имаат двојна улога – ќе ја стабилизираат мрежата, но и ќе помагаат во оптимизирање на користењето на обновливата енергија, што пак, ги намалува стакленичките гасови и промовира одржлив развој преку решенија кои ги чуваат нашите природни ресурси.
Токму такви иновативни технологии нуди француската компанија Акуо енерџи, глобален лидер во ОИЕ која активно работи на имплементација на проекти кои го комбинираат производството на обновлива енергија со иновативни решенија за складирање. Овие технологии обезбедуваат оптимизација на користењето на енергијата и стабилизација на мрежата, што е од витално значење за долгорочниот успех на зелената транзиција. Компанијата Акуо енерџи, со повеќе од 15 години искуство, денес е еден од водечките независни производители на обновлива енергија на глобално ниво, специјализирана за развој, финансирање, изградба и управување со проекти за обновливи извори на енергија. Најзначаен проект на компанијата секако е изградбата на Барзур – првата соларна фарма со интегрирано складирање на енергија во Европа, кој исто така го интегрира агриволтаизмот.
Со својот иновативен пристап и технологии, Акуо енерџи веќе активно го трансформира енергетскиот пејзаж на земјата, со што не само што ја поддржува државата во остварување на целите за обновливи извори на енергија и енергетска независност, туку и демонстрира како приватниот сектор може да игра клучна улога во трансформацијата на енергетскиот сектор. Ваквите решенија ја револуционизираат енергетската индустрија, а Македонија ќе биде дел од оваа револуција со оглед на фактот дека потребата од вклучување на новите технологии за складирање ќе биде инкорпорирана во новиот Закон за обновливи извори на енергија. Интеграцијата на решенијата за складирање на енергија ќе донесе стабилност на мрежата, економски раст преку зелени работни места и енергетска независност. На овој начин ќе биде „отклучен“ целиот потенцијал на обновливите ресурси на земјата и Македонија ќе биде на одличен пат да стане регионален лидер во обновливите извори на енергија.
Комерцијален текст