сабота, 27 јули 2024

Ен-би-си њуз: Кинескиот балон собра податоци за неколку американски бази

Објавено на

часот

Сподели

Кина го контролираше шпионскиот балон и со него успеа во повеќе наврати да прелета над неколку американски воени постројки (во неколку наврати летајќи во облик на „осумка“) и да ги испрати собраните информации во Пекинг во реално време, изјавија тројца официјални лица за Ен-би-си.

Главно се работело за електронски сигнали кои можат да се детектираат кај некои оружени системи или пак комуникација на персонал од воените бази, велат официјалните лица, додавајќи дека не станува збор за фотографии.

Тројцата официјални лица рекоа дека Кина можела да собере многу повеќе разузнавачки податоци доколку не биле напорите на американската администрација да ја наруши способноста на балонот да собира електронски сигнали и да ги испрати назад кон Кина, наведе Ен-би-си.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ