сабота, 27 јули 2024

Емисиите од оџаците на Макстил се за три до пет пати пониски од дозволените вредности

Објавено на

часот

Сподели

На мерната точка Оџак од пескара, каде дозволената гранична вредност изнесува 30 (mg/Nm3) микрограми на метар кубен, највисоката вредност била измерена во месец јануари и изнесува 6,37 микрограми на метар кубен. Највисоката измерена вредност на втората мерна точка, Оџак од филтер постројка каде дозволена гранична вредност изнесува 20 микрограми на метар кубен, е во месец февруари кога биле измерени 7,82 микрограми на метар кубен.

Измерените вредност на емисиите на цврсти честички од Макстил во континуитет се пониски од пропишаните европски гранични емисиони вредности дефинирани според најдобрите достапни техники како и од пропишаните вредности од страна на Министерството за животна средина дефинирани во А-интегрираната еколошка дозвола.

Минималните емисиони вредности се должат на инвестициите на Макстил во современи технолошки и безбедни производни процеси, како и инвестирање во зголемување на еколошките стандарди. Компанијата согласно својот општествено одговорен и транспарентен однос, прва започна со информирање и редовното објавување на резултатите од мерењата на производните процеси.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ