сабота, 19 октомври 2024
Бомба од Франција

Емирот на Катар и Перез договориле рекорден трансфер на Мбапе во Реал вреден 250 милиони евра

Објавено на

часот

Сподели

„ПСЖ Комјунити“ попладнево пренесе дека Килијан Мбапе добил ултиматум од Катар, или ќе го продолжи договорот, или ќе биде продаден ова лето.

Неколку часа подоцна, истиот портал објави трансфер бомба, Килијан Мбапе го напушта ПСЖ и се сели во Реал Мадрид.

Наводно Емирот од Катар и Флорентино Перез договориле рекорден трансфер вреден 250 милиони евра, односно 200 милиони евра како фиксна сума, плус додатни 50 милиони евра во бонуси кои ќе бидат поврзани со настапи, голови и освојување на „Златната топка“.

Останува да се види дали овие информации се точни, сума од 250 милиони евра за фудбалер кој има само уште една година од договорот е прилично многу.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ