сабота, 27 јули 2024

Ембид игра во голема форма, Филаделфија реди победи (ВИДЕО)

МВП играчот за минатата сезона, Џоел Ембид одигра уште еден одличен меч и ја предводеше Филаделфија до победа на гостувањето кај Шарлот од 97-89.

Објавено на

часот

Сподели

Камерунецот беше најдобар на теренот, одигра речиси 37 минути за кои постигна 33 поени, имаше десет скокови и пет асистенции.

Клучна за победата на Филаделфија беше последната четвртина која ја добија со 28-16, направија пресврт и го добија мечот со 97-89.

Во составот на Шарлот најдобар беше Бриџис со 25 поени и 11 скокови.

Резултати:
Шарлот – Филаделфија 89-97
Вашингтон – Сан Антонио 127-131
Атланта – Кливленд 95-116
Њујорк – Торонто 126-100
Чикаго – Мемфис 125-96
Хјустон – Јута 127-126
Минесота – Оклахома 97-102

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ