четврток, 26 декември 2024

Ем ги жали, ем не ја дружат

Објавено на

часот

Сподели

Мадона, која очајнички сака да стане режисерка, ама нешто не баш ѝ оди од рака, смета дека монарсите во минатото биле ѕвезди за јавноста, додека сега улогата на владејачкото семејство е повеќе „амбасадорска“.
Таа изјави: „Мислам дека кралското семејство од 30-тите и 40-тите биле ѕвезди на своето време. Едвард Осми бил како филмска ѕвезда. Луѓето биле вљубени во него. Додека сега, нивната улога во општеството е сведена на амбасадорска. Мислам дека тоа на одреден начин е срамно. Повеќе ми се допаѓа како било порано“.
Во интервјуто за списанието Грација, на прашањето дали е блиска со британските монарси, таа изјави: „Па не баш. Не ме викаат на нивните забави!“
Мадона додава и дека растењето без пари ѝ помогнало повеќе да ја цени нивната вредност.
„Сметам дека кога треба да си го заработиш местото на светот, ти се создава сосема поинаков поглед на работите“, вели таа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ