Компанијата истовремено упати искрено сочувство до семејствата на настраданите, нивните пријатели и најблиски.
ЕЛС ќе врши бесплатна достава до болниците и до семејствата на повредените во несреќата во Кочани
Во знак на поддршка и солидарност, Еко логистик сервис ќе врши бесплатна достава на донации и помош до болниците каде што се згрижени повредените, како и до семејствата и роднините кои се сместени во Скопје. Доколку сакате да испратите облека, хигиенски средства, медицинска опрема или друга неопходна помош, можете да дојдете во најблискиот хаб на ЕЛС и нашиот тим ќе се погрижи пратките да стигнат веднаш до оние на кои им се најпотребни“, соопштија од ЕЛС.

Објавено на
часот