сабота, 27 јули 2024
Атмосферата во Наполи е одлична

Елмас: Распадори се уште ми должи 500 евра што му наместив гол против Јувентус

Објавено на

часот

Сподели

Наполи е на чекор до Скудетото откако минатата недела триумфираше на гостувањето кај Јувентус во драматичен финиш, Елмас му асистирашее на Распадори за 0-1 во 93. минута.

„Чекав само Зелински да ми подаде, во мислите веќе имав каков треба да одиграм. Видов дека Осимен втрчува а Распадори е на подалечната статива. Вака често комбинираме на тренинзите“ – вели Елиф Елмас.

„Му реков на Распадори, „Ако погодиш на натпревар по моја нафрлена топка, ќе ми дадеш 500 евра“. Се уште чекам 500 евра за голот против Јувентус… Очигледно е дека се шегувам, сите сме добри другари. Знаеме како стигнавме до тука, колку работа и труд вложивме, колку хармонија има помеѓу нас и само сакаме да го комплетираме ова фантастично патување“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ