недела, 14 април 2024
Македонецот почнува нова авантура

Елмас потпиша за РБ Лајпциг (ФОТО)

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Елиф Елмас ги поминал редовните лекарски прегледи со РБ Лајпциг, и ставил потпис на договорот со „биковите“.

Објавено на

часот

Сподели

Елиф Елмас од 1. јануари ќе започне нова авантура и ќе се пресели во Бундеслигата.

Новинарот Фабрицио Романо попладнево објави дека Македонецот ги поминал редовните лекарски прегледи и ставил потпис на документите со РБ Лајпциг.

Сега се чека официјална потврда за трансферот, и дали ќе бидат откриени детали од зделката.

Медиумите со денови пишуваат дека Наполи и РБ Лајпциг си подале рака за трансфер од 25 милиони евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ