Столчето на Руди Гарсија веќе сериозно се тресе, тоа му одговара на Елиф Елмас кој има мала минутажа кај овој тренер.
Брекало уште во седмата минута донесе водство за Фиорентина, во судиското продолжение од првото полувреме Осимен даде гол од пенал за 1-1.
Во 63. минута Бонавентура погоди за ново водство на Фиорентина, а Гонзалез во судиското продолжение ги постави конечните 3-1 за виолетовите.