четврток, 17 октомври 2024

Елмас нема уште долго да чека шанса во РБ Лајпциг, во јануари би можел да се врати во Наполи?!

Медиумите повторно шпекулираат со можно враќање на Елиф Елмас во Наполи, Македонецот сериозно размислува за трансфер доколку не се промени неговиот статус во РБ Лајпциг.

Објавено на

часот

Сподели

Елиф Елмас на почетокот од годинава се пресели во РБ Лајпциг во потрага на поголема минутажа, но тој никако да се наметне кај тренерот Марко Розе, и оваа сезона има само 7 минути фудбал.

Па доколку не се промени неговиот статус во следните месеци, тој ќе се обиде да ја промени средината.

Враќање во Серија А е една опција, и тоа во Наполи, се шпекулира дека Антонио Конте е голем фан на сестраноста на Елиф Елмас и сака да го ангажира Македонецот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ