сабота, 27 јули 2024
Повредата е минато

Елмас најави кога ќе дебитира во дресот на РБ Лајпциг

Елиф Елмас сподели дека повредата која ја имаше на бутниот мускул е минато па тој ќе може да дебитира во дресот на „биковите“ против Ајнтрахт Франкфурт на 13. јануари.

Објавено на

часот

Сподели

Елиф Елмас пристигна во РБ Лајпциг со ситна повреда, но проблемите со бутниот мусклул се минато, Македонецот соопшти дека е подготвен за настап и може да дебитира веќе во првото коло во продолжението од сезоната во Бундеслигата.

„Ова ми е трет ден тука, се чувствувам навистина добро, тренирам со момците и повеќе немам болка во бутниот мускул“ – вели Елиф Елмас.

„Мислам дека сум подготвен за настап“.

„Биковите“ сезоната ја продолжуваат на 13. јануари, кога го пречекуваат Ајнтрахт Франкфурт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ