понеделник, 21 октомври 2024

Елмас: Можеме повторно да бидеме шампиони на Италија

Објавено на

часот

Сподели

Наполи во минатата сезона ги изненади сите откако стана шампион на Италија и тоа го направи релативно лесно и доминантно. Но сите знаат дека уште потешко е да се одбрани првото место.

„Имаме одговорност, треба да го дадеме најдоброто од нас и мислам дека можеме повторно да бидеме шампиони“, вели Елмас.

„Само Ким си замина, останатите се тука. Свесни сме дека сме шампиони на Италија и на секој меч треба да го даваме најдоброто, дури и на пријателските натпревари“.

Лучано Спалети му го донесе Скудетото на Наполи и си замина, Елмас сега има нов тренер, Руди Гарсија.

„Гарсија е добар човек, тоа го покажа во Рома и во Франција освојувајќи трофеи и стигна до полуфинале во ЛШ со Лион. Тој ќе биде пример за сите нас и ќе му помогне да напредувам. Уште немам зборувано со него за мојата позиција, ќе видиме што ќе одлучи, сите тренери до сега ме играа по целиот терен, па ќе видиме каде тој ќе ме позиционира“, додава Елмас.
 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ