Торино игра во одлично форма, на последните четири натпревари освои девет бода откако вечерва со минимални 1-0 славеше над Емполи.
Клучниот момент се случи во 70. минута, Влашиќ освои една топка на врвот од шеснаесетникот и прецизно биеше по земја за 1-0 и огромна радост на „биковите“.
Нашиот Елиф Еламс и денеска беше стартер, практично одигра цел натпревар и беше повлечен од игра во 83. минута.