петок, 18 октомври 2024
Лига на шампиони

Елмас и Наполи гостуваат во Берлин, Севиља го пречекува Арсенал

Денеска почнува третото коло од Лигата на шампионите, дербито се игра утре во Париз каде ПСЖ ќе го пречека Милан, од денешните натпревари најатрактивен е дуелот меѓу Севиља и Арсенал.
 

Објавено на

часот

Сподели

Елиф Елмас го пропушти изминатото коло од Серија А поради ситна повреда, но таа е минато, македонскиот фудбалер е подготвен за вечерашниот предизвик, тој е во составот на Наполи кој е во Берлин на дуел со Унион.

Денот ќе започне со натпревари на Баерн Минхен и Интер. Баварците гостуваат во Истанбул кај Галатасарај, а нероазурите го пречекуваат Салцбург.

Дербито на денот е во Севиља каде актуелниот освојувач на Лига Европа е домаќин на Арсенал. 

Манчестер јунајтед игра на Олд Трафорд против ФК Копенхаген, а Реал Мадрид гостува кај Брага. Денеска се играат уште и дуелите Бенфика – Реал Сосиедад и Ленс – ПСВ.

Дербито на колото е утре, дуелот меѓу ПСЖ и Милан, а атрактивен ќе биде и вториот натпревар од оваа група мечот меѓу Њукасл и Борусија Дортмунд.

Шампионот на нашиот северен сосед, Црвена звезда гостува кај Лајпциг, а Манчестер Сити ќе истрча како голем фаворит на теренот на Јанг Бојс.

Утре се играат и натпреварите Селтик – Атлетико Мадрид, Антверпен – Порто, Феенорд – Лацио и Барселона – Шахтар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ