сабота, 27 јули 2024
РБ Лајпциг вечерва ги пречекува „кралевите“ во ЛШ

Елмас го предупредува Реал Мадрид: Овде нема да имаат мир ниту 5 минути!

Елиф Елмас вели дека Реал Мадрид е голем фаворит во пресметката со РБ Лајпциг, но смета дека „биковите“ можат да изнендат и порача дека нема ниту 5 минути да имаат мир на истокот на Германија.

Објавено на

часот

Сподели

Денеска продолжуваат натпреварите во Лигата на шампионите со првите мечеви во нок-аут фазата, РБ Лајпциг на нашиот Елиф Елмас го пречекува Реал Мадрид.

Македонецот оваа сезона веќе се сретна со „кралевите“, со Наполи одигра два меча против избраниците на Карло Анчелоти во групната фаза од ЛШ.

„Минавме низ тежок период, но сега сме се подобри и подобри. Почнавме да победуваме и ни се врати самодовербата во пресрет на дуелот со еден од најдобрите тимови во светот. Но знаеме дека ќе биде тешко“ – вели Елиф Елмас.

Запрашан што научил од двете пресметки против Реал Мадрид, тој додава: „Ех, учиш многу работи кога играш против Реал Мадрид.  Сите нивни играчи се интелигентни, експерти во својата работа. Како може да не научиш нешто од Модриќ или Крос? Секој фудбалер кој игра за Реал Мадрид има огромна самодоверба. Тие се на едно поинакво ниво. Кога играте против нив, секогаш мора да понудите нешто повеќе, и тоа не е лесно. Ќе биде навистина тешко против нив. Но со интензитетот кој ќе го вложиме, и на нив нема да им биде лесно“.

Запрашан дали разговарал со тренерот Марко Розе, и дале му дал некаков совет, Македонецот вели: „Се работи за различни стилови на игра. Наполи е тим што сака да ја има топката во нозе. Нивниот притисок е поразличен од нашиот. Овде Реал Мадрид ќе нема ниту 5 минути мир. Ќе има притисок, и уште притисок. Тренерот само ни кажа дека во никој случај не смееме да се штедиме. Импресиониран сум од неговото ниво на самодоверба. Затоа можеме во секој миг да го промениме текот на натпреварот“.

Околу тоа кој е фаворит, Елиф Елмас одговара: „Кога Реал Мадрид не бил фаворит? Па Реал Мадрид секогаш е фаворит. Но фаворитот не сегакош победува. Затоа веруваме дека можеме да го изненадиме. Ние сме тим кој секогаш оди на победа. Мора да ги следиме наредбите на тренерот, да даваме 100%“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ