понеделник, 28 октомври 2024

Елмас доби половина час, убедлива победа на Лајпциг

Лајпциг со убедливи 4-1 славеше на гостувањето кај Бохум, Елиф Елмас во игра влезе во 65. минута кога резултатот беше нерешен.

Објавено на

часот

Сподели

Бохум одлично го почна мечот, со гол на Витек уште во седмата минута, но Олмо во 30. минута изедначи на 1-1.

Лајпциг во 65. минута направи тројна измена, а меѓу оние кои влегоа беше и Елиф Елмас.

Работите веднаш се променија и следуваа три голови на Лајпциг, погодија Опенда и Полсен, а автогол си даде Орбетс за победа од 4-1.

Гостинска победа забележа и Борусија Дортмунд која со голови на Адејеми и Матсен со 2-0 славеше кај Унион Берлин.

Најубедлив беше Аугсбург кој со 6-0 беше подобар на гостувањето кај Дармштад, гостински триумф забележа и Ајнтрахт кај Хајденхајм со 2-1.

Единствен непоразен домаќин во Бундеслигата денеска беше Мајнц кој одигра 1-1 со Борусија Менхенгладбах.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ