сабота, 27 јули 2024

Елмас доби 25 минути, Лајпциг промаши пенал за победа против Аугсбург (ВИДЕО)

Лајпциг одигра 2-2 на гостувањето кај Аугсбург, а Елиф Елмас доби најголема минутажа откако е член на германскиот клуб.

Објавено на

часот

Сподели

Елиф Елмас во игра влезе во 67. минута кога веќе беше постигнат конечниот резултат 2-2.

Аугсбург дојде во водство со гол на Тиец во 35. минута, а Опенда четири минути подоцна израмни на 1-1.

По седум минути игра во вториот дел Шешко реализираше за пресврт и водство од 2-1, а во 60. минута Демировиќ изедначи на 2-2.

Во 82. минута Опенда промаши пенал и не успеа да му донесе победа на Лајпциг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ