сабота, 27 јули 2024

Елмас доби 15 минути, нов пораз на Лајпциг (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас повторно доби шанса во финишот на меч на Лајпциг кој влезе во очајна форма во јануари.

Објавено на

часот

Сподели

Лајпциг загуби со убедливи 5-2 на гостувањето кај Штутгарт, Елиф Елмас ги одигра последните 15 минути од мечот. Полека се зголемува минутажата на македонскиот фудбалер, но уште е далеку од посакуваното.

Шешко и Опенда ги постигнаа головите за Лајпциг, за Штугарт хет-трик постигна Ундав, по еднаш погодија Милот и Левелинг.

Ова беше трет пораз по ред за Лајпциг.

Баерн Минхен со 3-2 славеше на гостувањето кај Аугсбург. Павловиќ, Дејвис и Кејн ги постигнаа головите за Баварците. Демировиќ ги даде двата за Аугсбург.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ