сабота, 27 јули 2024
Македонецот проговори за новата авантура во РБ Лајпциг

Елиф Еламс се пожали дека ништо не го разбира новиот тренер и порача: Дајте ми 4-5 месеци

Елиф Елмас е среќен со преселбата во РБ Лајпциг, Македонецот вели дека во моментов најголем проблем е тоа што тренерот Марко Розе постојано зборува на германски, но очекува да го научи јазикот за 4-5 месеци.

Објавено на

часот

Сподели

По четири ипол години во Наполи, Елиф Елмас се реши за нова авантура и во зимскиот преоден рок се пресели во РБ Лајпциг. Македонецот веќе почна со полна пареа да тренира на подготовките во Ла Манга и го даде првото интервју.

„Преселбата во РБ Лајпциг е голема промена, но среќен сум што пристигнав тука. Се преселив во добар тим со многу квалитетни играчи. РБ Лајциг е еден од најголемите клуб од Германија, ми се допаѓа како тука се развиваат талентираните фудбалери. Имам 24 години и доста простор за напредок. Ова е правото место за тоа“ – вели Елиф Елмас.

Тој исто така открива дека јазикот во моментов му е најголем проблем.

„Тешко е, тренерот постојано зборува на германски со нас. Па сакам што побрзо да научам германски, многу е важно да се зборува јазикот, така поефикасно ќе комуницирам со соиграчите. Но за 4-5 месеци ќе го совладам јазикот“.

Македонецот исто така откри дека за подобро да се прилагоди на новата средина, во Лајпциг ќе му се придружат родителите и роднини.

„Ќе се преселам во Лајпциг со семејството. Сега веќе мојот поранешен соиграч од Наполи, Диего Деме играше тука, па го познава добро градот и ми даде неколку совети“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ