сабота, 21 декември 2024

Елфете Исмаили е новата претседателка на Женското собрание на Алијансата за Албанците

Заменик министерката за одбрана Елфете Исмаили денеска е избрана за пратседателка на  Женското собрание при Алијансата за Албанците од крилото на министерот за здравство, Арбен Таравари. На денешната конвенција беа избрани и други партиски тела.

 

Објавено на

часот

Сподели

За потпретседателки беа избрани Афердита Хамза, Шќипе Мустафа, Наиме Ислами Зеќири и Беса Поцеста. За организационен секретар е избрана Арбенита Мета.

Претседателот на партијата Арбен Таравари во својот поздравен говор ја цитираше поранешната британска премиерка Маргарет Тачер дека ако ви требаат зборови, повикајте маж, а ако ви требаат дела, повикајте жена.

„Без родова еднаквост нема социјална еднаквост, а без социјална еднаквост нема етничка еднаквост. Учеството на жените е национална афирмација. Во нашите редови располагаме со извонредни квантитативни и квалитативни ресурси. Денеска сум среќен што тројцата челници на АА се Арбен Таравари, Елфете Исмаили, Улка Нуредини. Значи 2:1 во корист на женскиот пол“, рече Таравари.

Поздравен говор имаше и новоизбраната претседателка Елфете Исмаили, која им се заблагодари на делегатите за довербата и истакна дека:

„Да се има повеќе жени во политиката служи како инспирација за многу девојки и жени да развијат кариери, и треба жените, како половина од светскиот потенцијал, да станат искористен капитал. Жените треба да имаат фер шанса за да бидат застапени“, порча Исмаили.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ