петок, 17 јануари 2025
Овој вид на превоз почна официјално да фунционира

Електричните автобуси веќе сообраќаат низ улиците во Струмица

Од почетокот на годината официјално почна да функционира јавниот електричен превоз во Струмица. Од лани од септември до крајот на годината превозот беше пробен и бесплатен, а од почетокот на новата година и официјално функционира по сите утврдени линии во градот и до населените места.

Објавено на

часот

Сподели

Според директорот на Јавното претпријатие „Струмица транспорт“, Драги Поп Стојанов, струмичани полека ги менуваат навиките и почнуваат да го користат јавниот електричен превоз.

„Од воведувањето на електричниот јавен превоз од ден на ден се повеќе расте интересот на граѓаните за негово користење, посебно на тие од населените места во Општината. Возниот ред е целосно воспоставен и досега немаме доцнење кон населените места и дневно по осум пати секогаш во ист термин сообраќаме до таму“, вели Поп-Стојанов.

Додава дека со одлука на Советот на Општината за субвенционирање на цената на возниот билет сите граѓани можат да се возат за 30 денари на дестинациите во градот и населените места.

„Правиме напори уште повеќе да го доближеме превозот до граѓаните. Тие можат преку специјални картички да го плаќаат возењето и тие можат да се надполнуваат на двата терминали во градот во општинската зграда и во нашето седиште, а во преговори сме со банки надополнувањето на картичките да може да се врши и со кредитна картичка на граѓаните“, рече директорот Поп-Стојанов.

Постои можност билет да се купи и во автобусот, но таму тој чини 40 денари и цената е повисока за да се одвраќаат патниците од таквата можност и тоа да го прават преку специјалните картички.

Инаку, од „Струмица транспорт“ ги отфрлаат како тенденциозни и злонамерни шпекулациите дека автобусите не се одржуваат. Велат дека сите автобуси имаат гаранција две години, а гаранцијата на електричната батерија е 8 години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ