петок, 10 јануари 2025

Електричниот рено 5 е автомобилот на годината во Европа

Рено 5 и неговиот „близнак“ алпин А290 ја освоија престижната награда за автомобил на годината во Европа (КОТИ) за 2025 година.

Објавено на

часот

Сподели

Жирито од 60 судии од 23 земји ги награди рено 5 и алпин А290 со 353 бода, а дури 25 судии ги ставија на првото место.

Второпласираната киа ЕВ3 доби вкупно 291 поен, додека ситроен Ц3 заврши на третото место со 215 бода. Следат дачија дастер (172), хјундаи инстер (168), купра терамар (165) и алфа ромео јуниор (136).

Минатата година победи рено сеник, што значи дека Рено е првиот произведувач кој остварил последователни победи од Фиат во 1995 и 1996 година.

Во изборот учествуваат угледни европски новинари, а секој од 60 членови на жирито номинира седум нови автомобили кои се пуштени во продажба пред крајот на претходната календарска година. Седумте автомобили со најмногу гласови се конечниот потесен избор.

За да се квалификува за КОТИ моделот мора да биде сосема нов – освежувања како на тесла модел 3 и рено клио не се дозволени, а дериватите не се квалификуваат како нови или самостојни модели, па затоа А290 се смета за ист автомобил со рено 5 на кој е заснован, и покрај тоа што го продава друга марка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ