сабота, 27 јули 2024
Настапот на младиот Гави е проблематичен

Елче ја оспори победата на Барса и тоа на три минути пред истекот на рокот!

Објавено на

часот

Сподели

Елче на зелена маса ќе се обиде да го промени исходот од натпреварот против Барселона кој „каталонците“ го добија со убедливи 0-4.

Уште во неделата почнаа да кружат гласини дека Елче размислува да поднесе жалба, па денеска, на три минути пред истекот на рокот, токму тоа се случи, поднесена е пријава до Фудбалската федерација на Шпанија.

Се спори играњето на Гави и одлуката на Ла Лига да ја поништи регистрацијата на младиот фудбалер како првотимец.

Правниците на Елче се повикуваат на членот 141 според кој фудбалерот нема право за настап во истата сезона доколку му биде поништена регистрацијата.

Сега комитетот за натпревари при ФФШ ќе треба да одлучи, раководството на Барса смета дека нема простор за паника бидејќи минатата недела тие побарале толкување на правилата и добиле зелено светло од Ла Лига и ФФШ за настап на Гави, кој сезоната ја почна како младинец, па стави потпис на нов договор и со судска одлука беше регистриран како првотимец во јануари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ