четврток, 20 март 2025

Екстубирани двајца од повредените во кочанскиот пожар на лекување во Бугарија

Двајца од 15-те поврдени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба, соопшти попладнево прес-службата на бугарското Министерството за здравство.

Објавено на

часот

Сподели

Екстубаираните пациенти, како и пациентот со маска за кислород, се во Универзитетската болница за активно лекување и итна медицина „Н.И.Пирогов“ во Софија. Останатите шест пациенти во таа болница сè уште се на механичка вентилација.

Тешка, но стабилна, е состојбата на тројца повредени кои се хоспитализирани во болницата во Варна и на тројцата во Универзитетската болница Свети Ѓорѓи во Пловдив.

Поврдените кои се лекуваат во Бугарија вчера ги посетија шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски и министерот за здравство, Арбен Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ