сабота, 27 јули 2024

Екстремно загаден воздухот во дел од населбата Аеродром

Светската интернет страница waqi.info која подробно информира за квалитетот на воздухот по градови, малку пред 13 часот алармира за „многу нездрав“ воздух во дел од населбата Аеродром во Скопје. „Нездрав“ пак, е воздухот во повеќе населби во магливото Скопје.

Објавено на

часот

Сподели

Интернет страницата, како што може да се види од илустрацијата, покажува екстремна загаденост на воздухот со индекс од 230 во централниот дел од Аеородром, што е дефинирано како „многу нездраво“. Особено загрижува што доминираат најопасните, канцерогените ПМ10 честички.

Екстремно загадено е долж булеварот Борис Трајковски почнувајќи од населбата 11 Октомври и булеварот Александар Македонски кај трговскиот центар во Автокоманда, каде индексот на загаденоста е блиску до оние вредности во Аеродром.

На интернет страницата Ервижуал Скопје повторно е меѓу десетте градови во светот со најзагаден воздух – се наоѓа на десетото место.

Од останатите градови, нездрав е воздухот во Велес, Кавадрци и Струмица.

П.Џ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ