сабота, 27 јули 2024

Екстремно лоши услови за сообраќај на патот Берово-Струмица

Објавено на

часот

Сподели

На сите други планински превои поради ниските утрински температури и остатоци од снег на коловозот, АМСМ препорачува исклучително внимателно управување на возилата.

Сообраќајот на другите магистрални и регионални патни правци во земјава во утринските часови се одвива исклучително отежнато и забавено во зимски услови поради врнежи од снег на целата територија, само во некои делови врнежите се од дожд. Коловозите се лизгави и со големи остатоци од снег.

На возачите им се препорачува исклучително внимателно возење на отежнатите услови за сообраќај, приспособена брзина на движење на лизгавите коловози. Посебно да се внимава на делниците Струга-Дебар и Катланово-Велес, каде што се забележува почеста појава на одрони.

Дополнително, АМСМ препорачува да не се патува во текот на вечерните и ноќните часови.

На граничните премини во моментов не се забележуваат подолготрајни
задржувања за влез и за излез од државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ