недела, 19 мај 2024

Екстремно десничарски германски политичар заврши на суд поради употребата на нацистичкиот слоган: „Сè за Германија!“

Водечки член на екстремно десничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) се појави денеска пред суд под обвинение за употреба на забранет нацистички паравоен слоган, само неколку месеци пред државните избори на кои се надева дека ќе победи, пишува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Бјорн Хоке, шеф на АфД во источната покраина Тирингија, е дел од националистичкото крило на партијата, кое домашната разузнавачка служба го означи како „десничарско екстремистичко“.

Околу 300 демонстранти се собраа пред судницата во источниот град Хале носејќи транспаренти со зборовите: „Бјорн Хоке е нацист“ пред да пристигне во судницата со блага насмевка, облечен во темно одело и бела кошула.

Обвинителите велат дека Хоке го завршил својот предизборен говор во источниот град Мерсебург во мај 2021 година со зборовите: „Сè за Германија!“ Тоа е термин забранет во Германија, со оглед дека се користел како слоган од Јуришниот одред (СА) на Адолф Хитлер.

Неговите адвокати тврдат дека тој не знаел дека зборовите се забранети, а самиот Хоке, професор по историја, во телевизиска дебата минатата недела изјави дека не бил свесен за потеклото на изразот.

Тој исто така е обвинет дека го користел терминот на партиски настан во декември во Гера, кога обвинителите тврдат дека рекол: „Сè за…“ пред да ја охрабри публиката со гестови да го каже последниот збор наместо него, свесен дека ќе се соочи со гонење доколку самиот ја доврши фразата.

Доколку биде прогласен за виновен, Хоке ќе мора да плати парична казна или евентуално да одлежи затворска казна. Судењето треба да трае најмалку до средината на мај.

АфД, втората најсилна партија во националните анкети зад опозицискиот конзервативен блок, се соочи со строг надзор откако се појавија извештаи во јануари дека некои високи партиски членови на состанок разговарале за депортирање на луѓе од негерманско потекло.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ