сабота, 27 јули 2024

Екстремно десничарската германска партија исклучена од група десничарски претставници во Европскиот парламент

Претставници на екстремно десничарската германска партија Алтернатива за Германија (АфД) денеска беа исклучени од десничарската парламентарна група Идентитет и демократија (ИД) во Европскиот парламент.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Предлогот на претседателот на ИД, Марко Зани, да се исклучат сите членови на АфД е прифатен“, потврдија членовите на групата за германската агенција Дпа.

Во предлогот на Зани од италијанската партија Лега, се наведува дека не се исклучени само носителот на листата на АфД на претстојните избори за Европскиот парламент, Максимилијан Кра, туку и останатите претставници на партијата.

Според информациите од германските медиуми, за исклучување на АфД се изјасниле и претставници на други партии кои припаѓаат на фракцијата, меѓу кои и француската Р.Н. Марин Ле Пен, италијанската Леге и белгискиот Влаамс Беланг. Австриските либерали и една националистичка естонска партија беа против протерувањето.

Протерувањето на АфД од ИД следеше по покренувањето истрага против помошникот на Максимилијан Кра за наводна шпионажа за Кина, по што беше претресена канцеларијата на Кра во Брисел. Вчера Кра уште еднаш предизвика негативни наслови во медиумите откако ја релативизираше улогата на специјалните единици на нацистичка Германија, СС (Сондер Стафел). Во интервју за Фајненшл тајмс тој изјави дека „не сите што носеле униформа на СС биле криминалци“.

Вториот од листата на АфД за европските избори, Петр Бистрон, е осомничен дека дал интервју за руски пропаганден медиум и за тоа добил пари. Раководството на АфД им забрани на Кра и на Бистрон понатамошно учество во предизборната кампања на АфД.

Партиските лидери во четвртокот изјавија дека ја „зеле предвид“ одлуката на ИД и дека по изборите ќе се свртат кон други партии со кои имаат заеднички политички цели.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ