„За време на посетата на Турција, министерот за правда Кренар Лога беше информиран од турскиот колега Јилмаз Тунч за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски. Од страна на министерот Тунч беше посочено дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат административните процедури. По завршувањето на административниот дел се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава. Кога ќе имаме какви било нови информации за постапката за екстрадиција на палевски, навреме ќе ве информираме“, ни одговорија од Министерството за правда.
Судскaта постапка за ектрадицијата на Палевски во Турција е завршена. За да биде екстрадиран турското Министерство треба да ја одобри, а министерот за правда да ја потпише екстрадицијата по што нема да има законски пречки Палевски да биде донесен во Македонија.
Љупчо Палевски е осомничен за двојно убиство, на Панче Жежовски од Велес и на Вања Ѓорчевска од Скопје.