сабота, 27 јули 2024

Екстази, марихуана и пари најдени кај 18-годишно момче

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе, вчера во 14:10 часот на ул. Младинска во Свети Николе, го лишиле од слобода Б.М.(18) од Свети Николе.

Објавено на

часот

Сподели

Како што информира денеска МВР, тој бил затекнат при продажба на марихуана на лице од Свети Николе. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, повеќе таблети екстази и пари.

Лицето било задржано во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ