сабота, 19 октомври 2024
Министерот со објава на Фејсбук

Ексресниот пат од Градско кон Прилеп би можел да биде готов до Нова година, смета Николоски

Министерот за транспорт и врски, Александар Николоски смета дека до Нова година би можел да биде завршен експресниот пат од Градско кон Прилеп. Тој на Фејсбук објави видео како изгледа трасата Градско – Дреново.

Објавено на

часот

Сподели

„Воведуваме нова динамика во работењето! Со добра работа и организација до Нова година ќе може да се вози по овој експресен пат што ќе го скрати патувањето од Битола и Прилеп до Скопје, Гевгелија и Солун“, напиша оптимистички министерот за делницата која е планирана пред многу децении и започната пред многу години.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ