вторник, 7 јануари 2025

„Експресниот пат Страцин-Крива Паланка голем чекор напред за економијата“ (ВИДЕО)

Експресниот пат Чатал – Длабочица – Крива Паланка во должина од 25,5 километри
е голем чекор напред за нашата инфраструктура и економија, се вели во заедничката видео порака на македонскиот премиер Христијан Мицкоски и Александар Николоски, министерот за транспорт.

Објавено на

часот

Сподели

„Со вакви проекти Македонија ќе го зајакне своето место на Балканот како важен транспортен коридор. Нашата иднина е да изградиме модерна и безбедна инфраструктура.
Ветивме и исполнуваме! Македонија со секој ден станува сѐ повеќе ваша и се враќа на народот. Нема подобар начин да ви ги честитаме празниците освен со она што најдобро знаеме да го правиме, работа и резултати“, се вели во видео пораката на Мицкоски и Николоски.
ретходно, ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека на 1 јули не беше ставен ниту еден метар асфалт на патот Крива Паланка – Страцин, СДС со години тапкаа во место, а владата на ВМРО-ДПМНЕ го направи за 6 месеци.

„Фактите се тврдоглава работа, и колку и СДС да сака да ги искриви, не може. Со години СДС не можеше да го направи патот, исто како што не го направи ниту Градско – Фариш, ниту пак автопатот Кичево – Охрид.

За 6 месеци владата на ВМРО-ДПМНЕ со напорна работа на терен ги заврши работите на патот Крива Паланка – Страцин и го пушти во употреба.

Нема повеќе застој на инфраструктурните проекти, се работи забрзано и Македонија се поврзува со брзо темпо.

Владата го менува изгледот на државата. Македонија е ставена на брза трака за економска трансформација“, стои во соопштението на владејачката партија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ