петок, 10 јануари 2025

Eкспресниот пат Куманово (Страцин)-Крива Паланка денеска ќе биде пуштен во употреба

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува на пуштање во употреба на експресен пат Куманово (Страцин) – Крива Паланка на Коридор 8. Изградбата на експресен пат Крива Паланка – Длабочица – Страцин (Чатал) започна во мај 2018 година и е во должина од 25,55 километри.

Објавено на

часот

Сподели

Инвестициската вредност за изградба е во вкупна вредност од 93,7 милиони евра од кои 80,20 милиони евра се финансира со средства од Светска Банка и грант од 13,50 милиони евра.

Како што посочуваат од Владата, експресниот пат се градеше во две фази и тоа: Лот 1 делница, Длабочица – Страцин (Чатал) во должина од 15,55 километри, инвестициска  вредност на изградба е 43,75 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант и Лот 2 делница, Крива Паланка – Длабочица во должина од 10 километри е завршено во рок. Инвестициската вредност на изградба е 50,54 милиони евра, финансиран со средства од Светска Банка и грант средства.

Изведувач на работите на Длабочица-Чатал првично беше италијанската „Tirrena Scavi“, но поради слабиот прогрес договорот беше раскинат и работите ги продолжи Страбаг, а втората делница ја градеше „Гранит“. Надзорот над двете делници го вршеше ДИВИ Македонија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ