сабота, 2 ноември 2024

Експлозија во руска фабрика за проектили, Русите тврдат дека сè е планирано (ВИДЕО)

Силна експлозија се случи во воената фабрика Воткинск, која се наоѓа на околу 50 километри од Ижевск, главниот град на руската Удмуртска Република. По детонацијата наводно избил пожар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руската државна новинска агенција ТАСС извести дека од диспечерската служба дознала дека експлозијата се случила „за време на планирани тестирања на ракетни мотори“. „Ова беше планиран настан, а не итен случај“, навеле од службата.

Освен цивилни производи, фабриката произведува артилериски ракети, вклучувајќи стратегиски балистички ракети за системите „топол-М“ и „искандер“. Фабриката, која има и полигон, на крајот на минатата година добила 19 државни договори за производство на компоненти на нуклеарно оружје.

На социјалните мрежи се појави снимка која прикажува голема огнена топка која наводно настанала по експлозијата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ