Загинатиот полицаец наводно пребегнал на руска страна откако Русија го окупираше Мелитопол.
„Денеска околу 5 часот и 15 минути се случила експлозија во влез на станбена зграда во Мелитопол. Експлодирала непозната експлозивна направа. Во таа прилика се повредени двајца полицајци, кои се хоспитализирани, а едниот од нив наводно починал подоцна“, се вели во соопштението на Генералната управа на министерството за внатрешни работи за регионот Запорожје, како што пренесува РИА Новости.
A footage from temporarily occupied Melitopol, where a collaborator Alexander Mishchenko was blown up in the entrance of his house. He died in a hospital.
Alexander betrayed ??, worked as a police officer for the Russians. Mishchenko was also recruiting other police officers. pic.twitter.com/FDGBUUKMTl
— Giorgi Revishvili (@revishvilig) April 27, 2023
Специјалните служби ги утврдуваат околностите на инцидентот, се наведува.
Русија го присвојува Мелитопол уште од референдумот во септември 2022 година, но Украина и Западот не ги прифатија резултатите од тој референдум.