Таа ги истакна долгите периоди кои Навални ги минал во самица, за кои процени дека биле околу 300 дена, што можело да предизвика „спора смрт во текот на неколку години“.
Кацарова, која беше именувана минатата година и на која сè уште не ѝ е одобрен пристап во Русија, истакна дека други затвореници во таа земја би можеле да ја доживеат истата судбина како Навални, напоменувајќи дека е многу загрижена за опозицискиот политичар Владимир Кара-Мурза.
„Од смртта на Алексеј Навални, нема ден да не се прашам кој е следниот Навални? И ќе има следен Навални, сигурно, со ова ниво на репресија“, додаде таа. Кацарова е поранешна истражителка на Амнести интернешнал, една од десетината независни експерти за човекови права на кои Обединетите нации им доверија да известуваат за одредени теми или кризи, иако единствена известува за некоја од петте постојани членки на Советот за безбедност.
Во свое претходно обраќање во ОН Кацарова повика на поголем притисок врз Москва да ги ослободи политичките затвореници и да ја истражи смртта на Навални.
Руските власти соопштија дека Навални починал на 16 февруари од природна смрт.