среда, 15 јануари 2025

Експертите велат дека овие три намирници може да ги уништат бубрезите

Експертите велат дека здравјето на бубрезите зависи од изборот на нашиот начин на живот, вклучително и доволно сон, одржување на соодветна хидратација и умерено користење на лекови против болки без рецепт.

Ансплеш

Објавено на

часот

Сподели

Постојат одредени намирници кои можат да ги „уништат“ вашите бубрези и треба да ги избегнувате доколку сакате да ги одржувате здрави, пренесува Бест лајф.

Според лекарот натуропат Џенин Браунинг, газираните пијалаци со висока содржина на шеќер претставуваат голема опасност за бубрезите.

„Тие се богати со шеќер и фосфор, минерал кој може да биде особено тежок за бубрезите – особено кај луѓето кои веќе имаат бубрежна болест“, предупредува Браунинг.

Покрај тоа, газираните пијалаци придонесуваат за дебелина, што дополнително доведува до хипертензија и дијабетес – двете водечки причини за бубрежна болест.

Преработеното месо како шунка и салама содржи многу сол, нитрати, заситени масти и шеќер, а немаат влакна и квалитетни протеини. Ова може да биде штетно за вашето здравје, особено за вашите бубрези. Ако не можете целосно да го избегнете, изберете производи со помалку сол и нитрати, како мисиркино или пилешко.

Конзервираната храна исто така може да биде проблематична поради високата содржина на сол. „Тоа не е природна сол богата со минерали, туку јодирана сол што се користи за зачувување на храната“, објаснува Браунинг. Експертите советуваат да се изберат конзервирани производи со мала содржина на сол, како што се грашок, грав или зеленчук и да се исцедат добро пред да се употребат.

За да ги заштитите вашите бубрези, избегнувајте храна како газирани пијалаци, преработени месни производи и конзервирана храна. Ако не можете целосно да ги исфрлите од вашата исхрана, обидете се да изберете поздрави опции со помала содржина на сол и нитрати.

Во комбинација со соодветна хидратација, доволно сон и умерена употреба на лекови, овие промени може значително да придонесат за здравјето на вашите бубрези.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ