сабота, 27 јули 2024

Експерти проценуваат дека земјотресот во Јапонија го поместил тлото за 1,3 метри

Експерти проценуваат дека силниот земјотрес што во понеделникот ја погоди јапонската префектура Ишикава го помести тлото во регионот Ното и до 1,3 метри на запад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јапонската агенција за геопросторни информации (ГСИ) ги анализираше ГПС податоците по земјотресот со јачина од 7,6 степени, а најголемото поместување е забележано во градот Ваѕима, на околу 1,3 метри на запад.

Поместување на земјата кон запад за околу 1 метар е забележано во градот Анамизу, а за околу 80 сантиметри во градот Сузу, јавува јапонската јавна телевизија НХК.

Поместување е забележано и во градовите Нанао, Тојама, Ниигата и регионот Канто-Кошин.

Ова се прелиминарни податоци кои допрва треба да бидат официјално потврдени, пишува Би-би-си.

Неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше со јачина од 7,6 степени според Рихтеровата скала, во понеделникот ја погодија јапонската префектура Ишикава на брегот на Јапонското Море.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ