недела, 20 октомври 2024

Експерт на ОН: Колапс на здравството во Газа, Палестинци умираат во болниците поради необработени рани

Експертот за здравствени вонредни состојби на Обединетите нации (ОН), Шон Кејси, рече дека ранетите Палестинци умираат од нетретирани рани во преполните болници во Појасот Газа во услови на колапс на здравствениот систем.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кејси, службеник на Светската здравствена организација (СЗО), неодамна се врати од Газа, каде што помина пет недели обидувајќи се да добие повеќе персонал и материјали за 16 делумно функционални болници.

Тој синоќа на прес-конференција во седиштето на Обединетите нации рече дека бил сведок на влошување на ситуацијата и дека во болницата Ал-Ахли во градот Газа видел луѓе како лежат на „црковни клупи, во основа чекајќи да умрат, во болница што нема гориво, нема струја, нема вода“, има многу малку медицински материјали и само мал број преостанат персонал да ги негува.

Ал-Ахли е единствената христијанска болница во Газа и единствената што лекуваше пациенти со рак.

Болницата Шифа во северниот дел на градот Газа, некогаш водечка болница на територијата, со 700 кревети, сега лекува жртви на траума и е полна со луѓе што ги напуштиле своите домови и живеат во операциони сали, ходници, на скали, изјави претставник на СЗО.

Како што наведе, по пет-шест лекари или медицински сестри дневно примаат стотици пациенти, претежно жртви на трауми, а на подот има толку многу пациенти што тешко се поминува без да им се згазне на рака или нога.

Минатата недела Кејси го посети медицинскиот комплекс Насер на југот во градот Кан Јунис, кој има 200 отсто зафатеност на креветите и само 30 отсто од персоналот, а пациенти лежат насекаде, на подот и по ходниците.

Тој оцени дека пред сѐ е потребен прекин на огнот за помош на ранетите Палестинци, кои ги има околу 60.000, а секој ден пристигнуваат по неколку стотици нови, покажуваат податоците на Министерството за здравство во Газа.

За да се одговори на кризата, потребен е безбеден пристап до болниците и испорака на лекови, како и соодветен персонал и електрична енергија за да им се помогне на илјадници луѓе, рече претставникот на СЗО.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ