сабота, 26 октомври 2024

Ексклузивните наоди од некрополата Требеништа на изложба во Бугарската академија на науките во Софија

Објавено на

часот

Сподели

Владата ја разгледа и ја усвои и информацијата од Министерството за култура за реализација на меѓународната изложба која е уникатна по наодите кои ни го претставуваат животот покрај Охриското Езеро од 6  до 4 век пред нашата ера. Во поставката се и прочуените златни маски кои се чуваат во Белград, Софија и една во Охрид, и кои првпат на оваа изложба се изложуваат заедно.

Покрај уникатноста на наодите, оваа поставка е уникатна и по тоа што на овој локалитет работеле археолози од трите земји каде што преку своите институции го афирмираат културното наследство од требенишкиот локалитет. Како плод на соработката на стручните тимови на Археолошки музеј на Македонија, со Националниот археолошки институт со музеј во Софија, Бугарија и со Народниот музеј на Србија во Белград каде што се чуваат вредните артефакти од некрополата, во 2019 година се реализираше изложбата која заокружи единствена приказна за случајното откритие во 1918 година, во близина на селото Требеништа, кај Охридското Езеро.

м

Од Министерството за култура информираат дека со огромен интерес од јавноста беше проследена уникатната поставка „100 години Требеништа“ , која во Скопје беше отворена 6 месеци, а која во Софија ќе биде реализирана како „105 години од Требеништа“.

„Со оваа изложба продолжува соработката помеѓу трите земји за заокружување на ексклузивната приказна за Требеништа кое е прв и можеби единствен пример на локалитет што е истражуван од три земји, промовиран преку три музеи, од Скопје, Белград и Софија“, се вели во соопштението на Министерството за култура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ