среда, 23 октомври 2024
За да го врати сјајот и животот по многуте скандали со угинати животни

Ексдиректорот Галетановски кој направи многу промени во ЗОО пак аплицира за раководната позиција

Ѓорги Галетановски-Чомбе еден од поранешните директори на Зоолошката градина во Скопје денес повторно се пријавил на оглас за челната позиција на ова место, кое во последно време го тресат низа скандали со угинати животни. Галетановски информацијата дека аплицирал повторно за ова место ја објави на социјалните мрежи со порака дека и животните и луѓето кои работат во ЗОО Скопје заслужуваат мир и благосостојба. Тој беше на раководната функција од 2018 до 2022 година кога направи големи промени, а во овој период ЗОО Скопје работеше со полна пареа и имаше посебен сјај, организираше постојано настани за деца, а ги донесе и бели лавови, волци, фламинга, пингвини, слонови, шимпанза…

Објавено на

часот

Сподели

Апликацијата за директор, доаѓа откако угинаа двете жирафи, евтаназиран е слонот, месецов угина и бизонот, но и орелот кој беше спасен и транспортиран таму.

„Денес на ден 13.08.2024 поднесувам документи на огласот на град Скопје за директор на Зоо Скопје. Се одважив и поднесувам во името на многу засегнати граѓани на Скопје и Македонија кои ми пишаа деновиве но најповеќе поради животните и моите колеги кои заслужуваат мир благосостојба и услови достојни за нив. Барам од градоначалничката Данела Арсовска и советот на Град Скопје мандат од една година во кој тврдам и ветувам дека со моите колеги и многу општествено одговорни компании и јавни личности од државава ќе ги подобрам условите и ќе ја вратам нивната и гордоста на Зоо Скопје. Мојата визија е враќање на кандидатурата во ЕАЗА и дистанцирање на ЗОО Ск од политички влијанија“, напиша Галетановски.

По неговата објава дека повторно ќе се пријави на оглас за директор на ЗОО Скопје тој доби многу голема поддршка од граѓаните кои велат дека тој е спас за ова место кое беше симбол на убавина да го врати својот сјај.

Во програмата со која аплицира тоја ветува едукација и тренинг на персоналот, подобрување на благосостојбата на животните, дијагностика на моменталната состојба, модернизација на инфраструктурата… и вели дека со ваква програма, ќе се обезбеди Зоолошката градина во Скопје не само што ќе ги исполнува потребните стандарди за повторно членство во EAZA, туку и ќе стане пример за одржливост и грижа за животните во регионот.

Зоолошката градина Скопје официјално на 7 август годинава соопшти дека ден претходно азиската слоница Дуња по насока на сопствениците кои ја позајмијале на зоолошката од Белгија, одлучија со тимот експерти ветеринар, офтамолог и сениор зоо негувател на тимот за слонови, кои изминатите денови ја прегледуваа, таа да биде подложена на евтаназија. Ова, како што соопштуваат од ЗОО Скопје, било направено бидејќи ниту еден третман, ниту операција не можеле да ја спасат.

Два деба по ова угина  повредениот и истоштен царски орел кој што пожарникарите од Доброволното противпожарно друштво од Кочани го спасија и го однесоа во Зоолошката градина во Скопје заради негово згрижување и ветеринарен третман.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ