сабота, 27 јули 2024

Екс скопски градоначалник незаконски реновирал игралиште во средно училиште

Одделот за криминалистичка полиција спроведе предистражни дејствија за поранешен градоначалник на една скопска општина, за кој постои сомневање дека извршил кривично дело злоупотрба на службената положба и овластување, информираат од МВР.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

„Имено, истиот на 4 август 2021 со пречекорување на границите на своето службено овластување како лице што врши работи од јавен интерес, по спроведена постапка за јавна набавка на работи – реконструкција на спортски игралишта на територија на општината и склучен договор за јавна набавка со правно лице од Скопје, во која постапка покрај за игралишта за кој бил надлежен, предвидел реконструкција и на спортско игралиште во средно училиште, иако знаел и бил свесен дека средните училишта согласно Законот за средното образование се во надлежност на градот Скопје“, пишува во соопштението од МВР.

На тој начин пријавениот, се вели во соопштението, го оштетил буџетот на општината за износ од 662.885 денари, кои средства му биле исплатени на избраниот економски оператор за реконструкцијата на тоа игралиште.

Во координација со СВР Скопје, Единицата за економски и компјутерски криминал до ОЈО Скопје поднесе  кривична пријава.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ