сабота, 27 јули 2024
Учество на Светски форум за демократија

Екс-претседателот Иванов пред екс-премиерот на Шкотска говорел за правото на независна држава

За искуствата на македонската држава од стекнувањето на независноста до денес и негирањата на идентитетот на Светскиот форум на демократијата во Берлин говорел поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорѓе Иванов, a на истиот панел во рамки на форумот учествувал и поранешниот премиер на Шкотска, Алекс Салмонд.

Објавено на

часот

Сподели

Пкрај поранешни претседатели на држави и влади, учествувале и поранешниот генерален секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун и поранешниот државен секретар на САД, Хилари Клинтон, како и истакнати артисти, уметници и активисти, меѓу кои познатата холивудска актерка Шерон Стоун и основачот на Live Aid, Боб Гелдоф.

„Претседателот Иванов се обрати на панелот ‘Границата меѓу самоопределувањето и сепаратизмот’ на кој учествуваше и поранешниот премиер на Шкотска, Алекс Салмонд. На панелот, претседателот Иванов зборуваше за правото на самоопределување како право на народите да создадат своја независна држава. Тој го претстави македонското искуство при стекнувањето на независноста и сите предизвици, пречки и негирања за остварување на македонското право за самоопределување.

За време на посетата на Берлин, на претседателот Иванов му беше укажана и честа да го отвори Форумот за демократија и мир во организација на Институтот за културна дипломатија во Берлин со свое предавање на темата ‘Моќта на уметноста и културата во времиња на растечки закани за демократијата во светот’. Во своето воведно предавање, тој ги посочи главните предизвици за демократијата денес и причините за демократската рецесија во првите децении на 21-от век.

За време на гала вечерата во организација на фондацијата ‘Cinema for Peace’, претседателот Иванов се сретна и со министерката за надворешни работи на Германија Аналена Бербок“, се вели во соопштението на Иванов за учеството на овој форум во Берлин кој се одржал од 18 до 20 февруари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ