вторник, 22 октомври 2024
Уставните измени поделија уште еден политички субјект

Екс потпретседателот на Беса, Хоџа и пратеникот Бајрами ќе формираат нова партија

Објавено на

часот

Сподели

Хоџа на прес-конференција соопшти дека тој и повеќемина негови сопартијци од денеска ќе функционираат како посебна политичка формација и оти ги отвораат вратите за сите оние кои сакаат да станат дел од овој политички проект. 

„Ние сме организирана структура која во периодот пред нас ќе работи во полн обем и јасна политичка артикулација и јасна визија за иднината на граѓаните и државата. Имајќи предвид дека државата се наоѓа во многу деликатна ситуација во која се одлучува за европската иднина ќе се однесуваме со внимание сериозност и посветеност да придонесеме преку нашиот претставник во Собранието за што поскоро да се случат уставните измени и да се пристапи кон отворање на патот за членство во ЕУ. Нормално би било многу подобро заради меѓуетничката кохезија во предлогот на уставните измени да се предлагаше и корекција на терминот 20 отсто во однос на албанскиот јазик но за тоа одговорност сноси поднесувачот на предлогот“, рече Хоџа.

Исто како пред неколку дена тој денеска се огради од, како што кажа, таканаречениот опозициски блок на Билал Касами, Изет Меџити и Африм Гаши.

Инаку Басри Бајрами вчера го известил претседателот на Собранието Талат Џафери дека од сега наместо како дел од Беса ќе делува како независен пратеник кој ќе гласа за уставните измени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ