Во ноември 2022, по ремито помеѓу Рома и Сасуоло, Жозе Мурињо имаше жестока реакција и крена голема прашина со својата изјава пред новинарите.
„Жал ми е што целиот труд што го вложи тимот падна во вода поради непрофесионалниот однос на еден играч, кој нѐ предаде. Ваков непрофесионален однос, кој не е фер кон соиграчите, ме разочара“ – рече Жозе Мурињо без да го именува Рик Карсдорп, но на сите им беше јасно за кого станува збор.
Холанѓанецот, кој сега е дел од ПСВ, открива дека Жозе Мурињо никогаш не се извинил за ваквиот испад.
„Мурињо никогаш не ми се извини, тој не е таков човек. Приметив дека сака да го поправи односот, но се држев на дистанца“ – вели Карсдорп.
„Во соблекувалната дури осум пати ме нарече предавник. Можам да го поднесам тоа, но никогаш не требаше да каже нешто такво пред новинарите“.