сабота, 27 јули 2024

Економско-социјалниот совет ги разгледа предлозите од синдикатите за нов Општ колективен договор за јавен сектор

Објавено на

часот

Сподели

Вицепремиерот Фатмир Битиќи, се осврнал на два предлога за пресметка на платите во јавен сектор, првиот предлог од страна на Владата е во дефинирањето на бруто плата да се земе минимална бруто плата и на тоа да се додаде бројот на бодови и вредноста на бод, а вредноста на бодот да ја носи Собранието.

Во однос на Предлогот на синдикатите, во основната бруто плата да се дефинира просечната бруто плата помножена со коефициент на сложеност на работното место, се додава во соопштението, вицепремиерот посочил дека, за да се стигне до посакуваната цел е потребен транзициски период за целосно усогласување со просечната плата.

б

Претставниците на Владата истакнале дека целта е креирање на единствен систем и поедноставување кои ќе значат решенија кои ќе го заштитат стандардот на граѓаните и следење на продуктивноста на економијата. Социјалните партнери се согласиле да се направат симулации и за двата предлози за пресметка на платите во јавниот сектор и на следната седница на ЕСС, следната недела да се разгледаат.

е

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ