петок, 10 јануари 2025

Економските загуби поради пожарот во Лос Анџелес се близу 150 милијарди долари

Економските загуби од шумските пожари во Лос Анѓелес веројатно повеќе од двапати се удвоија само во последниве 24 часа и сега изнесуваат близу 150 милијарди долари, процена е на американската мултинационална компанија за финансиски услуги Џеј Пи Морган, пренесува Си-Ен-Ен.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Осигурените загуби би можеле, според нивната пресметка, да надминат 80 милијарди долари, а таа цифра би можела да порасне во зависност од тоа кога пожарите конечно ќе се совладаат.

„Таквите загуби пожарот би го направиле двојно поголем удар за индустријата на осигурувањето од оној што претходно беше најскап пожар, во Бути Каунти кампот од 2018 година, кој индустријата на осигуруњето ја чинеше десет милијарди долари”, се наведува во извештајот.

Се истакнува и дека околу 15.000 куќи и згради досега се во ризик од пожарот, во однос на 13.000 колку што биле во средата.

Според процената на АП, досега во повеќето пожари што беснеат околу Лос Анџелес уништени се околу 10.000 згради, а потврдено е дека најмалку десет лица загинале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ